Заменик претседателот на Владата задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи денеска во Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија, остварил официјална средба со нејзиниот раководител, Аљтин Думани.

Kако што информираат од неговиот Кабинет, nа средбата, Фетаи го запознал Думани за мисијата и приоритетите на неговиот мандат, со посебен осврт на политиките и координацијата во борбата против корупцијата. Тој ја истакнал важноста од градење стабилни и независни институции како основа за унапредување на доброто владеење.

Како што наведуваат во соопштението, Думани ја претставил историјата и структурата на СПАК, споделувајќи искуства од патувањето на оваа институција како и предизвиците и успесите во борбата против корупцијата и организираниот криминал на високо ниво. Тој подвлекол дека целосната независност на СПАК од политиката и извршните институции, како и добро консолидираниот буџет се главните столбови на успехот на оваа институција.

Како резултат на тоа, довербата на граѓаните во СПАК достигна ниво од 70%. Дискусиите се фокусираа и на можностите за размена на искуства со правосудните институции во Македонија, имајќи ги предвид реформите што се преземаат во овој сектор. Позитивните искуства на СПАК, кој ужива висок углед во Албанија и во регионот, беа оценети како важен пример што треба да се следи. Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на билатералната соработка во борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото во двете земји, се посочува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.