Во посета на Свештена бигорска обител вчера допатува високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес г. Кирил, висок претставник на Вселенската патријаршија.

Владиката Кирил го посети Бигорскиот манастир како голем пријател на нашата Црква и претставник на Неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите поздрави и благослови за именденот на владиката г. Партениј. Владиката Кирил доаѓа од Имврос, родното место на Вселенскиот Патријарх, каде што ја извршува својата архиерејска должност, рече за МИА отец Кирил.

Високопреосветениот Митрополит г. Кирил бил пречекан согласно древното манастирско правило за пречек на архиереј.

Во храмот на Свети Јован Крстител во Бигорски, по предвидената церемонија, кон високиот гостин се обратил игуменот на манастирот, епископот г. Партениј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.