Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.
Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања.
д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.
Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.
Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.