Вие ја одредувате иднината! Вие сте тие кои ја носите Македонија!, им се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на значајното тивко мнозинство неопределени гласачи во државата.

Несигурноста ви носи голема неизвесност која силно ве тишти, не гледате надеж. И повеќето од вас си мислите сите се исти. Оваа влада ја знаете.
И знаете дека ништо добро не може да очекувате од неа. Но, ние – оваа генерација на нови ликови во политиката ја бараме и ја чекаме вашата поддршка, им порача Мицкоски.

Според Мицкоски, има луѓе кои не можат да сторат ништо подобро, но има и такви за кои вреди да се ризикува.

Од една страна имате луѓе што знаете дека не можат ништо подобро, а од другата страна нè имате нас за кои вреди да ризикувате да ни дадете шанса, затоа што, нема да ве разочараме.
Вие ја одредувате иднината!
Вие сте тие кои ја носите Македонија!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.