Петте лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата чаршија, потоа избегале со автомобил. Како што соопшти денеска МВР, околу 20.30 часот, односно 20-тина минути по нападот, било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.
Екипата на Клан М денеска го снимаше местото каде целосно изгоре автомобилот „ауди“:
Јавен обвинител вчера излегол на лице место на местото на злосторот и по негова наредба телата се дадени на обдукција. Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.
Изгорениот автомобил ќе се даде на вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.