Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли.
Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.
Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите.
Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.