Во време на длабока тага се молчи. Во време на лутина гласно се зборува. Откако одмолчев ќе си дозволам малку оддишка на болката и лутината:
“Чуму ти е идентитетот ако немаш пари“, рече “прогресивниот“ Костадин Костадинов и преживеа, а ние од тие како него доживеавме обид за бришење на идентитетот.
Си го гласавте, пак да си го гласате, ако не ви е срам!, коментира Весна Јаневска на Фејсбук.
Не ме чуди Костадин. Луѓето образувани и водени од богот “Пара“ толку знаат, толку можат. Оние кои прочитале некоја книга, макар и одбрана белетристика, на пример лектира, веројатно би размислиле и не би си дозволиле да дадат таква изјава.
Без лутина и со надеж, порака до наставниците:Наставници, земете си ја професијата во свои раце, да не дозволиме луѓе што повеќе ја ценат парата од идентитетот да надвладеат. Од вас зависи!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.