Поранешниот министер за здравство Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.
По обработени 74 од 77 избирачки места, Филипче освои 8.474 гласови, за Јован Деспотовски гласале 2.291 гласачи, а Александар Бајдевски освоил 868 гласови.
Вчера, пак, својата кандидатура ја повлече поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска.
Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малата излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес.
Излезноста до 19 часот и 45 минути била 54 отсто, односно гласале вкупно 12.608 членови.
Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10.000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.