Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во интервјуто за „Република“ го посочи проблемот со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки.

Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом.

Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.