Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, порача дека по 8 мај новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извлече граѓаните од сиромаштијата во која западнаа во изминатите седум години поради негрижата на оние кои раководеа со инстиуциите на системот и се фокусираа само на лично богатење, наместо да се заложат да обезбедат подобар животен стандард како што ветуваа пред да дојдат на власт.

Хасим живее под кирија заедно со неговата сопруга која е глувонемо лице и со која чекаат принова, под исти кров е и неговата сестра. Имаат на располагање само по 100 денари дневно за да се прехранат. Луѓето се заборавени од страна на институциите и со солзи во очите раскажуваат за тешкиот живот. Ветив дека сè ќе сторам да имаат пристап до правото на здравствена заштита и надоместок за попреченост согласно законските можности. Распадната семејна куќа со помош на донации ќе биде приспособена за нормално функционирање, за да не плаќаат кирија и понатаму.

 

За жал, бедата и сиромаштијата ги покосија сите граѓани, независно на етничката припадност.

 

Залудно е да зборуваме дали во изминатите седум години имало некакви покачувања на плати, пензии, социјални надоместоци и така натаму, кога секојдневните трошоци на луѓето пораснаа двојно. Промени мора да се случат, бидејќи животот кој го ветуваше СДСМ стана неподнослив, изјави Велковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.