Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.
Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава.
„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој.
Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.