Верувале или НЕ, изминаа над 3.000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов. А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес. Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија. Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите. Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.