Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите од вицепремиерот Фатмир Битиќи, кои не се однесуваат само на новинарот Горан Момироски, туку на сите независни новинари кои критички извесутуваат за криминалите на владини претставници.

Фатмир Битиќи има рок веднаш а најдоцна до 24 часа јавно да се извини за заканите и квалификациите упатени кон Момироски и сите независни новинари. МАН секако ќе поднесе тужба за навредите и квалификациите во неговата изјава, кои се закана за слободата на медиумите, независното и професионално новинарство.

Оваа власт, позната по ширење лажни вести, невиситини и манипулации со граѓаните, нема никакво право да се повикува на закони, морализира за правила и стандарди, особено затоа што не постои владин или друг функционер кој не е вмешан во криминал до гуша.

Ако Битиќи продолжи да се заканува, МАН ќе преземе и други чекори за заштита на своите членови, а нашите новинари ќе продожат да објавуваат истражувачки стории за криминалот на власта и нивните семејства, соопшти МАН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.