Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, граѓани продолжуваат со објавување на кратки видео пораки што според нив е важно.

Денеска потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски порача дека за него важно е државата да има дипломатија со капацитет.

Важно е да имаме дипломатија со капацитет. А, тебе што ти е важно, праша Муцунски.

Во кампањата се приклучи и адвокат Панче Тошковски кој рече дека за него важно е законите да важат подеднакво за сите.

Важно е законите еднакво да важат за сите граѓани во Република Македонија, изјави Тошковски.

Според Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е важно да се реконструираат болниците.

Игор Јанушев, пратеник во македонското Собрание нагласи дека за него важно е да нема непотизам при вработување.

Важно е да нема непотизам и врски при вработување, потенцираше Јанушев.

Пратеничката Лидија Петкоска порача дека за неа важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух.

Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и го креваат својот глас за промени кои носат иднина.

Секој еден е важен. Важно е да се обединиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.