Како законодавен дом и како народни претставници ги претставуваме токму македонските граѓаните и ги остваруваме нивните задолженија и очекувања коишто треба да се во интерес на севкупната општествена јавност, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата, посочи Василевска.

Василевска додаде дека Кацарска самата си го побара местото кое што сметаше дека го заслужила за добро обработената работа со поранешниот премиер и сега вели дека не може да функционира бидејќи не е во полн состав. Таа треба да види и да процени во каков систем и кому му служеше за да дојде сега во оваа ситуација.

Таа се согласува за функционален Уставен Суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.

Како опозиција ги користиме сите демократски алатки со коишто може да ги адресира потребите за револтот и несогласувањето на граѓаните. Во една нетранспарентна политичка игра и во еден мошне хибриден, затворен и нетранспарентен систем на функционирање, секој еден механизам коишто е во наши раце и којшто е демократски е во функција, заклучи Василевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.