Почитувана неприсутна влада Р. Македонија, жална Македонија, распарчена, понижена, исмеана од лакрдија која што се нарекува некаква си демократија која што полна уста празни зборови, вергла ЕУ веднаш и сега, ЕУ за вас, за нас, за сите вас, но не и за нас, само за ти одбраните, лимитираните. Македонскиот парламент стана се само не она што треба да биде и бидејќи вие не не разбирате и не ги разбирате добронамерните пораки и совети. Разберете улогата која што ја имате, вие не сме ничие стадо, не сте ничие трло, вие претставувате волја на граѓаните, рече Иванка Василевска.
Почитувана неприсутна влада Р. Македонија, жална Македонија, распарчена, понижена, исмеана од лакрдија која што се нарекува некаква си демократија која што полна уста празни зборови, вергла ЕУ веднаш и сега, ЕУ за вас, за нас, за сите вас, но не и за нас, само за ти одбраните, лимитираните. Македонскиот парламент стана се само не она што треба да биде и бидејќи вие не не разбирате и не ги разбирате добронамерните пораки и совети. Разберете улогата која што ја имате, вие не сме ничие стадо, не сте ничие трло, вие претставувате волја на граѓаните, рече Иванка Василевска, пратеничка во Собранието на денешната собраниска седница.
Таа во текот на своето обраќање укажа на целата ситуација во државата односно на високата инфлација, на корумпираното судство и обвинителство и потенцираше дека поради ваквата ситуација во државата голем број на млади си заминуваат.
-Граѓаните се вознемирени бидејќи растот на инфлацијата ги покрена кредитите, наскоро луѓето ќе остануваат без своите домови. Можевме да се справиме со се. Погледнете си го судството, обвинителството, погледнете ја цела јавна и државна администрација, заробено општество, класичен пример на изгубена една генерација и затоа нашите деца ќе си заминуваат, ќе не гледаат со презир, милион пати сум го кажала тоа изминатите години, истакна пратеничката.
Василевска во текот на своето обраќање запраша зошто министерот на здравство е разрешен и имено додаде што власта направила во овие 6 години?
-Зошто господинот министер за здравство не си дал оставка, туку го разрешуваме, зошто? Ќе го разрешиме зошто треба виновници, треба во прекројувањата во Тирана што ги направија и што ни ги сервираа тука сега повторно да се создаваат тензии, зошто? За да крадат вашите елити уште повеќе. Што покажавте во овие 6 години, дека се справивте со корупцијата и со криминалот. Да беше така јас прва ќе ви аплаудирав, додаде Василевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.