Вие сте успешен модел на мултиетничко општество и заслужувате да продолжите понатаму со пристапниот процес. Клучно е Македонија да остане целосно посветена на овој процес, изјави во воведното обраќање на првата меѓувладина конференција, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Гласањето во саботата во Собранието беше решителен чекор и дкоаз за вашата одлука да продолжите кон патот на ЕУ, но и сведоштво за носење на демократски одлуки во Македонија. Денепната конференција е заслужено признание за она што вашата земја го постигна изминативе години во унапредувањето на реформите. Северна Макеоднија продолжува да ги исполнува сите услови. Продолжете со добрата работа во интерните реформи и зацврстувањето на демократските институции, рече Вархеји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.