Професорката Билјана Ванковска, која се кандидираше за претседател, вели дека после „политичката бура“ се враќа во полна академска форма.
Политичките бури се многу корисни – кога ќе минат и нештата ќе се сталожат, водата станува многу почиста и потранспарентна. Сè станува појасно. Дури и тишината зборува повеќе од сите претходни говоранции.
Добрата вест е што полека се враќам во полна академска форма, како никогаш и да не сум била во онаа бура. Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано, тоа е сигурно, напиша Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.