Денеска заедно со градоначалникот Горан Стојанов, присуствувавме на поставување на камен темелник на изградба на нов градски пазар во Општина Неготино, објави премиерот Мицкоски.

Изградбата на нов градски пазар е на местото каде што е и локацијата на постоечкиот и подразбира нов, затворен, модерен и најсовремен градски пазар каде ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, со еден збор Општина Неготино ја остварува долгогодишната желба на своите граѓани кои конечно ќе добијат градски пазар по највисоки стандарди.

Добро е кога се гради, добро е да си ја развиваме државата затоа што тоа го очекуваат граѓаните од нас. Ние ветувавме многу работа, чесна работа, посветена работа, напорна работа и тоа го правиме во овие први 50 дена од оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ,,Твоја Македонија”, така и ќе продолжиме понатаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.