„Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк утре доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје, објави Секретаријатот за европски прашања. Според Секретаријатот, утре со вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе се разговара за исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.
Како што е најавено, во вторник министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.