Случајот „Меѓународен сојуз“ оди на повторно судење, одлучи Апелациониот суд во Скопје.
Апелација ги уважи жалбите на Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше неправосилно осуден на 9 години затвор, и на неговиот татко Миле Јовановски, како и на Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска кои беа првостепено осудени. Уважена е жалбата и на правното лице „Меѓународен сојуз“ кој Кривичниот суд го задолжи да плати еден милион денари.
Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски.
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:
– ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член 247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и
– ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од една година, вели Апелација.
Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.