Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:

-зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;
-спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
-создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
-одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
-Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.