Утре со почеток во 15 часот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи 18-та седница на Советот за безбедност. Како што информираат оттаму, на дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Македонија и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршувањето на седницата ќе следи изјава на претседателот Стево Пендаровски, што ќе се пренесува во живо на YouTube и Facebook платформите на претседателот, сооптуваат од Кабинетот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.