На први септемрви, односно утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни, потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Појасни дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.
Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.
Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници – информира Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.