Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.
Ова повеќе не се издржува и разочарани сме од преговорите со владините претставници. Ни понудија само кафе и вода, иронично забележа Димовски за тоа на какви одговори наишле во владата за своите барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.