Собранието за утре на пладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата.

Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Разгледувањето барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и Разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник.

За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.