Утре е 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, инаку ден кој што останува запаметен по тоа дека изгоре ковид-центарот во Тетово каде загинаа 14 луѓе. Одговорни сѐ уште нема, а актуелниот лидер на “опозицијата”, тогашен Министер за здравство, утре ќе просерава за некаква правда и правдина во земјава, ќе испраќа честитки и други квази-државнички срања – пишува аналитичарот Ивор Мицковски, потсетувајќи на годишнинта од пожарот во коцид болницата во Тетово, кога гореа живи луѓе.
Тој додава:
Истото ќе го збори и власта.

Пораз е за целата држава и за секоја власт, што се уште немаме вистински одговорни за оваа така свежа државна трагедија.
Тоа што го знаеме е дека истрагите беа саботирани и дека имаше прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите.
Наместо партиите да се расправаат со соопштенија, еве им конкретен случај каде се очекува одговорност.
Попатриотска тема нема да најдат!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.