ВМРО-ДПМНЕ денес објави дека утре ќе сподели со јавноста афера наречена „Паразити“ поврзана со функционерите на власта предводена од СДСМ.

Утре – Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски.

Ќе објавиме како додека народот неможе да преживее, функционерите на власта преку буџетот се полнат со баснословни суми пари.

Инфлацијата и високите цени му штетат само на народот, додека функционерите на власта не ги чувствуваат. Очигледно затоа и не го разбираат народот кој неможе ниту со 1.000 денари да купи намирници, кои до пред една година ги купувал за 500 денари.

За да се полнат со пари пар луѓе од власта државата константно се задолжува. Јавниот долг е над 7.5 милијарди евра.

Утре со детали, како додека народот страда, власта, односно нејзините функционери се луксузираат“, стои во нивното соопштение до јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.