Учебната година почна а учениците од шесто оделение немаат книги. Наставниците се принудени да се снаоѓаат од скрипти и помагала како и ПДФ материјали кои ги „симнуваат“, фотокопираат и делат на часовите.

Во многубројните грешки и небулози кои ги учат се наоѓа и темата за настанокот на старите цивилицации. Во објаснувањето на тоа каде настанале старите цивилизации стои дека тие натанале покрај големите реки Нил, Тигар и Еуфрат.

Сите кои учеле училиште или гледале „Национал Џеографик“ знаат дека реката Нил навистина се наоѓа во Африка, а Тигар и Еуфрат се во Азија. Да им напоменеме на тие од Бирото за развој на образованието дека Африка и Азија се различни континенти. Значи од три реки утнаа две.

На оваа тема денеска говореше и Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.