Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието. Сметам дека имаме време да ги донесеме уставните измени, пред нас е период кога ќе се водат разговори, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој е на ставот дека е потребно и опозицијата да учествува во носењето на оваа одлука, а тоа е исполнување на еден од чекорите кон полноправно членство на Македонија во ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Од ВМРО-ДПМНЕ се согласија да бидат дел од влада која ќе значи влада на обединување, за да се донесе оваа одлука, да се заврши процесот на уставните измени, да се заврши процесот на скрининг, да се отворат поглавјата и да затвориме барем две поглавја од првиот кластер и потоа да се оди на избори. Сега останува на опозицијата да го кажат ставот од име на партијата, пренесен преку нивниот претседател. Пред нас е период кога ќе се водат разговори и кога оваа одлука треба да биде донесена – посочи Ковачевски за време на посетата на компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“ во Старо Нагоричане во одговор на новинарско прашање.

Според премиерот, сега е геостратешкиот момент за носење на ваква одлука, она што можеме да очекуваме од ЕУ е да биде уште поконсолидирана и е отворена за прием на нови членки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.