Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС, туку со одложено дејство како заштита од понатамошно блокади.

ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, од кои и двата ја гарантираат ЕУ иднината на Македонија, но и Македонската многувековна традиција, идентитет и историја. СДС наместо да се изјасни манипулира.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под Бугарски диктат, бидејќи тие и даваат алатка на Бугарија да не блокира и во иднина.

Наспроти можноста Бугарија да добие алатка за блокада, ВМРО-ДПМНЕ даде предлог како Бугарија ќе стане активно заинтересирана за напредокот на Македонија кон ЕУ, а тоа е преку уставни измени со одложено дејство, кои ќе стапат во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ, со тоа Бугарија наместо да ја кочи нашата држава, ќе има интерес да го забрза процесот на интеграција. Покрај ова овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ.

Ковачевски и СДС добија и втор предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е избори оваа есен, а потоа која и партија да е во опозиција да го поддржи следниот метод: Барање гаранции од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, историја и јазик, барање Бугарија да исполни барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање на парична помош за Македонската економија и граѓани во пресрет на ЕУ интеграцијата.

Зошто на СДС и пречи заштита на македонскиот национален идентитет.

СДС и Ковачевски треба да сфатат дека само со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се штити Македонскиот идентитет, но и се гарантира брза интеграција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.