Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека тоа што народот го иритира многу е што Пендаровски, Ковачевски, Заев и останатите имаат став за светската политика, но немаат став за домашите проблеми.
-Немаат став како е возможно, не го слушнав вчера Пендаровски да каже дали се согласува со тоа 18-годишниот син на Заев да има фирма за трговија со електрична енергија на која што лиценца треба да и даде Регулаторната комисија за енергетика којашто е државно тело или не го слушнав вчера Пендаровски да каже како е возможно да се прави притисок врз големи фирми во Македонија да не учествуваат на повикот на Владата за субвенционирање, односно, задавање повластени цени за фотоволтаици и прв победник на тие повластени суми за фотоволтаици да биде фирма од Желино, а втор да биде фирма од Гевгелија и Свети Николе, сосем случајно вака поделбата на власта во моментов во Македонија, вели Николоски.
Тој рече дека тоа е тоа што го иритира народот, што за тие работи немаат став, што заеднички СДСМ и ДУИ си крадат, а за светските прашања имаат став и ,додаде,дека се обидуваат да внесат клин меѓу народот, но нема да успеат во таа работа.
На прашањето зошто синот на Заев не може да има фирма за фотоволтации, Николоски одговори:
-Зошто има 18 години и затоа што има услови, татко му може да му даде пари да си отвори бутик или кафуле и за тоа не вклучена државата, но за трговија со електрична енергија, апсолутно е вклучена државата, затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца, односно дозвола, на фирма којашто прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови и во Македонија услови исполнуваат фирмата на син му на Муса Џафери и фирмата на син му на Зоран Заев.
Николоски додава дека очигледно само за децата кои се функционери во Македонија, не гледаме дека за децата на работниците, не гледаме дека децата на чуварите, на полицајците, не гледаме дека децата на оние коишто работат во железара или децата на оние кои се текстилни работнички отвораат фирма за електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.