Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду.

Како што информираат од МВР, на средбата биле потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.