Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав, изјави лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Ако не се случат уставните измени, ви гарантирам дека ќе дојде до една колективна депресија во општество. Со тоа ќе ја изгубиме и таа капка надеж да се започне со реформите и можноста со членството во ЕУ, да се подобрат состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот. Тогаш треба да размислуваме за нов Устав, како што рече претседателот Пендаровски – потенцира Таравари.

Како наближуваат изборите, коалицискиот партнер во власта се повеќе ја засилува националистичката реторика. Човекот што беше пример за соживот и мултиетничност и за кој Македонците гледаа со симпатии стана по радикален дури и од ДУИ.

На Таравари не му се допаѓал сегашниот состав на Парламентот каде Албанците се застапени со триесетина пратеници, имаат Бадитер и механизмот Балансер.

Сега лидерот на Алијаса бара дводомен Парламент. Дури и објасни како го замислува.

Сметам дека еден дом треба да е составен од претставници на локалната власт, како на пример од градоначалниците на триесетина поразвиени општини, а во другиот би биле претставници на избрани од народот, пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.