Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците во основно и средно образование кој завршува на 6 мај, а парламентарните избори и вториот круг претеседателски избори се закажани за 8 мај, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прес-конфренција одржана во Владата.

„Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, рече Шаќири.

Учениците првпат од оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.