Уште не е поднесена кривична пријава против Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања за неговата вмешаност во трагичниот случај. Како што објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, засега за него уште важи 48-часовниот притвор и уште се утврдуваат фактите и доказите.

Вечерва поднесени се кривични пријави против пет лица. За едно лице е поднесена кривична пријава за грабнување и за убиство, против три за грабнување и за соизвршителство во убиството и против едно за помагање при грабнување. Случајот е предаден во ОЈО.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.