Скриени во неколку квадратни метри гол Мата скривница членовите на македонското семејство Андонови ги очекува уште една тешка ноќ во Киев.
Семејството Андонови кое брои 4 члена меѓу кои две малолетни деца од околу 18 часот од својата скривница слушаат експлозии на бомби и куршуми од борбите меѓу руските и украинските сили кои вечерва повторно се водат во Киев.
И покрај верувањата дека ќе добијат помош од македонската амбасада тие не можат да излезат од Киев.
Македонскиот амбасадор во Киев и другите дипломати во амбасадата од попладнево се на сигурно.
Семејството Андонови и најмалку уште едно македонско семејство на кои им била ветувана евакуација не биле дел од планот за транспорт по што ги чека уште една тешка ноќ го главниот град на Украина.
Тие според ветувањата од амбасадата на Македонија требало да бидат евакуирани на 24 февруари но денеска македонските дипломати заминале без своите државјани.
Преземено од Експрес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.