Енес Ибрахим, член на Партија за движење на Турците која е во коалција со СДСМ најави дека нема да ги поддржи уставните измени. Со тоа влаата остана и онака тесната поддршка за промена на уставот. На Ибрахим му пречи предлогот за измена на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците во кој треба да влезат и деловите на народите кои ќе бидат додадени во Уставот.

Според Ибрахим, тоа е неуставно бидејќи не се почитува правичната застапеност.

Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е НЕУСТАВНО.
Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници.
Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот-напиша Ибрахим.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.