Откако вчера Љупчо Николовски Путерот се обиде да си ја одбрани неспособноста криејќи се преку млако партиско соопштение од СДСМ дека наводно се грижел за македонското земјоделство, за земјоделците, денеска почитувани недомаќинското и криминално работење на Путерот со АД Водостопанство продолжува.
Имено, до мене пристигна документ одлука од кој се гледа дека механизацијата во сопственост на АД Водостопанство наместо да се користи за чистење на каналите за наводнување се со цел подобра дистрибуција на вода до корисниците, се користи за црпење на песок на локации кои се дадени на приватни фирми, пишува на Фејсбук, Цветан Трипуновски.
И не само тоа, туку истата механизација која се изнајмува на приватните фирми согласно одлуката е за многу пониска цена од пазарната. Па така ако за изнајмен багер приватните фирми му плаќале на АД Водостопанство за работен час од 3000 денари одн.30-60 денари за м3, додека за истиот багер да се изнајми од приватна фирма тоа чини од 6000 до 7000 денари за еден час работен.
Или во превод приватните фирми му плаќале на АД Водостопанство дупло помали цени од пазарните!!!!
Од тука логично се поставува прашањето кои се фирмите кои ја користат механизацијата на АД Водостопанство?
И дали разликата од тоа колку се плаќа, а колку навистина е реалната цена за користење на механизацијата во сопственост на АД Водостопанство оди во џебот на Љупчо Николовски или некој од власта?
Ваквото криминално работење е јака страна на Николовски и власта.
Се надевам дека за ова ќе имаат добро образложение и наместо млаки партиски соопштенија во стилот на Николовски, ќе се одважи соодветно да одговори од некоја песочна плажа од соседството. Или пак можеби ќе го прекини незаслужениот одмор и ќе се врати да изнајде решение за вработените од АД Водостопанство кои веќе два месеца се без плата и без платено здравствено и пензиско осигурување.
Николовски доаѓа време кога земјоделците ќе ја казнат твојата неспособност.
Доаѓа време на промени и одговорност, пишува Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.