Под слоганот „Повеќе за сите“, владејачката партија СДСМ започна нова кампања чие лого е обоено во црвено бела боја. Но, не станува збор за нов слоган туку за плагијат, слоган украден од кампања и реклама на НЛБ Банка. Слоганот е од пред 3 години, кога НЛБ Банка кога промовираше платежни картички за малите и средни претпријатија погодени од ковид-кризата.
Кампања на СДСМ „Повеќе за сите“ ја најави портпаролката Богданка Кузевска, која на прес конференција промовирајќи го деветтиот антикризен пакет рече дека со СДСМ има повеќе за сите. Потоа, истата ја продолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи кој на трибина во Гостивар изјави дека финансиска поддршка обезбедиле преку антикризниот пакет кој ќе трае само 7 месеци, односно до завршување на изборниот процес.
Кампањата „Повеќе за сите“ на СДСМ која е плагијат на кампањата на НЛБ Банка, доаѓа веднаш по завршување на кампањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која беше насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“, која беше составена од два дела – првиот, теренските посети на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а вториот организираните тематски дебати за Македонија на кои беа посочени проблемите, но и неа понудени принципи и решенија.
СДСМ уште еднаш покажа дека се крајно неиновативни и креативни, па така со оглед дека овој слоган „Повеќе за сите“ е веќе искористен од НЛБ Банка повеќе наликува дека освен што немаат свои идеи се служат и со плагијати, туку сакаат да им се додворат на гласачите како да се потрошувачи.
И ова не е прв слоган или кампања која е украдена од страна на СДСМ.
За потсетување на јавноста црвено бела боја се боите кои СДСМ ги зема од боите на Партијата на европските социјалисти во кампањата „На прав пат“ чие пак лого беше украдено од партијата на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година, па освен слоганот и боите, плагијат беше и графичката идентификација на логото.
Понатаму, слоганот „За живот во Македонија“ со кој СДСМ настапи на изборите во 2016 година, истото беше украден од српското движење Двери која во кампањата го користеле логото „За живот Србије“, па покрај слоганот, СДСМ ја искористи и иконографијата, па така наместо во традиционалните бои сина и жолта, настапуваа со црвена и бела, токму боите на радикалната партија Двери.
Дури и кампањата на владата на СДСМ и ДУИ за промоција на Европската унија чиј предводник беше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која од самиот почеток се потрошија 80.000 евра беше плагијат, со оглед дека истиот слоган е веќе неколку пати употребен во кампањи од други држави.
Потоа, и стиснатата тупаница која беше заштитен знак на партијата и можеше да се забележи речиси на сите протести и митинзи организирани од страна на СДСМ е плагијат украден од Парадата на гордоста во Белград каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права, токму со знаме на кое беше испечатена стисната тупаница.
Освен што СДСМ копира слогани и прави плагијати, исто така ја копира и ВМРО-ДПМНЕ и не само во организирање на трибини по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, туку ја копира и во начинот на организирање на настани. Имено, во недостиг на креативност, владата за роденденот на Македонија на 8ми Септември организираше ласерско испишување на Калето кое веќе беше направено минатата година на 18 јуни од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога ден пред најавениот протест за промени, лидерот Мицкоски објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше осветлено и на него беше испишано „Протест за промени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.