Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Претходно реагираше и координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, кому покрај неспоменувањето на Северна, му сметало и што новата претседателка зборувала за единство, а спомнала само двајца лидери на партии и не кажала ништо суштинско и не се осврнала на евроинтеграциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.