И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство.
Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука.
Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.
Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.