Предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за 5 јули 2023 година.

Оспорен акт: Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, стои во соопштението на Уставниот суд.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот.

Во врска со оформувањето на предмет по сопствена иницијатива, во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на предлог-законот, Кацарска изјави дека предметот е поделен кај судија известител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.