Во населбата 22 Декември во Киево демолиран е детскиот парк, што беше изграден пред една недела. Случајот е пријавен во полиција, но се уште не се познати сторителите на овој вандалски чин. Пичинета е огромна материјална штета.

Децата разочарани од глетката, бидејќи едвај чекаа да добијат вакво нешто во нивната населба.

За ова реагираше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, нарекувајќи го чинот вандализам врз јавен имот.

Урбаната опрема и детските играчки се уриваат, рушат, се делат на парчиња, давајќи тажна слика кога ќе ги погледнете на овие фотографии, а повеќе во реалност. Неразбирливо е ова чувство на напад на убавината, функционалното за град со чиста животна средина. Настанот е пријавен во полиција и веднаш била реакцијата на полициските службеници за откривање и изведување пред правдата сторителите на ова лудило врз граѓанинот и урбаното со неразбирлива деструктивна намера – реагираше градоначалникот на Кичево на социјалните мрежи.

Вакви случувања имало и порано во Кичево. Пред неколку месеци, неколку пати по ред беше уништувано и Калето во Кичево. Откако ќе го реновираа, повторно беше уништувано, крадеа клупи, електрични кабли и светилки кои беа поставени на калето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.