Униформи нема, полицајци сами си шијат за да имаат што да облечат, кошули немаат да сменат – ова е сликата за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека при посетата на станиците затекнал полицајци кои имаат работнички панталони.

Униформа со униформа не можеш да ги споиш. Има полициајци чии униформи се работнички одела. Панталоните не беа дел од униформа. Едно палто горе, други панталони долу. Има луѓе во полиција кои самите си шијат униформи. Самите си конструираат како таа да изгледа во рамките на одреден модел за да пустите имаат што да облечат. Кошули не смениле. Буџетот на МВР знаете ли за што е потрошен. Еве 23 милиони евра се дадени за судски постапки. Од 2016 до 2023 година по основ на налози за извршени судски решенија од Буџетот на МВР, од буџетот на грашаните се исплатени 23 милиони евра. Тоа се тужби од вработени од полицајци. Ова се информации од јавен карактер. Ама пари за униформи нема. На крајот на днеот не е битно дали тие набавиле нешто или не набавиле. Битно е како се чувствуваат полицајците. Битно е каква е перцепцијата на граѓаните. Битно е дали има униформа за зимно време и униформа за летно време. Немаат. Купиле дел униформи за специјалните едниници. Ама не купиле за другите униформирани полицајци. Кошули немаат да сменат. И после ние задоволна полиција, безбедни граѓани. Абе која задоволна полиција?! – вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Во однос на тоа како Владата ја коментира ваквата состојба,тој вели:

Ништо не ги интересира. Нема униформи, нема возила, нема наредби од страна на министер. Ама има табли со новот име и во ПСГ Танушевци, на планина, да не се секираат граѓаните, табли Северна нема. Табли се ставени таму кај што не доаѓа човек, ама прозорите не се сменети. На МВР му е потребна темелна реформа ако сакаме да имаме држава. Ако не сакаме да имаме држава да си тераме како до сега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.