Унгарија испраќа три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справувањето со пожарите е исходот од телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Тимчо Муцунски и Петер Сјарто.
Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии – напиша Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.