Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР.

По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании, стои во соопштението од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.