Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, кој е прогласен од Обединетите нации.
На најдобрите научници и на најдобриот уметник од факултетите на Скопскиот универзитет ќе им бидат доделени награди кои ќе им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе биде организирана и дебата на тема „Науката на УКИМ во функција на подобро општество“.
На Светскиот ден на науката за мир и развој се потсетуваме на значајната улога која ја има науката во нашето општество и во секојдневниот живот. Токму поради тоа, УКИМ, кој има цел да е отворен универзитет со европски вредности, видлив и препознатлив во меѓународниот високообразовен и научно-истражувачки простор, секоја година го одбележува овој ден, соопшти Скопскиот универзитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.