Лишено од слобода лицето кое на 05.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието, објави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на својот профил на Фејсбук.

Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото. Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет, пишува Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.