Во однос на патувањето во Палермо, на фудбалскиот натпревар каде македонската фудбалска репрезентација ја совлада Италија, министерот за правда Никола Тупанчески посочува дека се важни две компоненти, а тоа е дали тој патувал службено и кој ги покрил трошоците.

Одговорот на првото прашање е „Не, јас не патував службено“, и втората компонента за тоа кој ги плати трошоците: „Tрошоците ги платив јас од моја трансакциска сметка – истакнува Тупанчески.

На прашањето дали бил изненаден од прозивањето на Антикорупциска за неговото патување и присуство во Палермо на фудбалскиот натпревар, министерот вели дека бил шокиран.

Бев шокиран зошто го велам ова тоа, затоа што јас имам коректен однос со многу луѓе тука и како професор. За да се стигне до вистината треба да се слушне и другата страна – додава Тупанчески.

Посочува дека ниедна законска ниту етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој додава дека Владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица.

Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред Министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден – вели Тупанчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.